АГЕНДА

10:30 - 11:00       Регистрација
         
        Клучни теми
11:00 - 11:45      

Како да се комуницира во VUCA светот? Нова содржина. Нови медиуми.
Славица Цицвариќ Костиќ, Универзитет на Белград, Србија

12:00 - 12:45      

Влијанието на новите технологии врз стратешкото комуницирање на организациите
Борис Хајош, Универзитет за применети науки ВЕРН, Хрватска

13:00 - 13:45      

Панел дискусија
Промоција на монографијата „Поврзување на бизнисот и комуникациите: од искра до пламен"

       
  • Виртуелната соработка и онлајн комуникацијата во сегашната деловна средина
    Наташа Ритонија, Оддел за корпоративна стратегија и проекти во Пошта Словенија;
  • Ефективна деловна комуникација во светот на хаосот
    Димитар Ковачевски, Универзитет Американ колеџ Скопје, Македонија;
  • Дигиталниот маркетинг и големите податоци: преминување во ерата на дигиталната трансформација
    Љупчо Ефремов, директор за истражување и операции, ГФК Скопје.
13:45 - 14:30       Коктел
         
 
 
Доц. д-р Славица Цицвариќ Костиќ е професор на Универзитетот во Белград, Факултет за организациски науки, на Катедрата за маркетинг менаџмент и односи со јавноста. Автор е на книги во областа на брендирање и комуникации. Таа е овластен обулувач од Chartered Management Institute, ниво 5/7, и е предавач на неколку универзитети и бизнис школи во Европа (Велика Британија, Франција, Словачка, Литванија, Словенија). Работи како консултант во областа на односите со јавноста и маркетингот за организации од корпоративниот и јавниот сектор. Цицвариќ Костиќ била директор за бизнис развој во меѓународната консултантска компанија Hauska & Partner International Communications. Била менаџер за односи со јавност во инвестициската компанија MPC Properties, која беше стратешки партнер на Merrill Lynch. Член е на Управниот одбор (2015-) и експертското жири (2013-2016) на Здружението за односи со јавност на Србија, како и член на неколку домашни и меѓународни професионални здруженија, како што се IPRA и EUPRERA.
 
Борис Хајош има магистрирано европска политика и администрација на Колеџот на Европа, Бриж, Белгија. Тој има 20 години работно искуство како комуникациски професионалец во многу проекти кои се занимаваат со комуникациски менаџмент (односи со медиуми, управување со настани, комуникациски стратегии, внатрешна комуникација, корпоративна општествена одговорност, брендирање и идентитет, пишување/уредување, јавно говорење и други промотивни активности). Хајош 15 години работи како универзитетски предавач за односи со јавноста во Хрватска и предава различни предмети за односи со јавност и медиумски студии на Универзитетот за применети науки ВЕРН во Загреб.
 

Лице за контакт:

Дејан Андонов, координатор на настанот – This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; 02 30 90 004

 

Мапа за настанот

 

vs eng         funded by erasmus